Хрватскиот министер за здравство Вили Берош рече дека сè мора да се стори за земјата да биде подготвена за потенцијален втор бран.
Во вестите на ТВ Нова тој рече дека се размислува за повторно воведување на мерката самоизолација за граѓаните на БиХ и на Србија, но дека тоа зависи од епидемиолошката ситуација.
Сите мерки се на маса, кога ќе се исполнат предусловите, ќе се преземат неопходните активности. Ние мора да сториме сè за да бидеме подготвени за потенцијален втор бран, рече министерот.