Регион 13. септември 2018. / 12:12

Хрватска: Повлечено пилешко месо поради салмонела

Хрватска: Повлечено пилешко месо поради салмонела

Министерството за земјоделство во четвртокот објави дека се повлекува од продажба замрзнато пилешко месо од хрватскиот производител ПГ Ореховец од Велики Буковец, поради присуство на бактеријата салмонела.

Министерството вели дека известувањето се однесува исклучиво на производот од горенаведената компанија.