РЕГИОНПотврдени четири случаи на западнонилски вирус во ХрватскаОбјавено пред 3 минути – 13 август, 2018Од Mak Fax
Кај четири пациенти во Хрватска лабораториски е потврдено дека имаат западнонилска треска предизвикана од истоимениот вирус.
Тоа е вирус што го пренесуваат комарци и може да предизвика тешки облици на воспаление на мозокот, па дури и смрт. Двајца заболени се од подрачјето на Осиек и еден од Карловац, а во четвртиот случај се работи за српски државјанин што престојувал во Хрватска.
Сите заболени се хоспитализирани, а еден од нив е пуштен на домашно лекување, велат од хрватскиот Национален институт за јавно здравје (ХЗЈЗ).