Откако дошла Брзата помош, момчето се обидувале да го вратат во живот техничар, медицинска сестра и случајна минувачка која се погодила да биде медицинска сестра, но безуспешно.
Дваесет и едногодишно момче почина вчера во попладневните часови во Запрешиќ, Хрватска. Момчето имало астма и починало откако му се слошило, а според сведоците на настанот кои се обиделе да му помогнат, тоа можеби ќе преживеало доколку со доаѓањето на Брзата помош дошол и доктор.
Откако стигнала Брзата помош, момчето се обидувале да го вратат во живот техничар, медицинска сестра и случајна минувачка која се погодила да биде медицинска сестра, но безуспешно.
Неговата роднина кажала дека е во шок и оти се чинело дека момчето излегло надвор за да го прошета кучето, а живеело блиску до местото каде што починало.
Еден од минувачите кои први дотрчале до него и се обиделе да му помогнат, јавно објавил за несреќниот случај на Фејсбук страницата – Запрешиќ без цензура.