Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ), Крунослав Чапак, рече дека се подготвува мерка за задолжително носење маски во затворен простор.
Коментирајќи за жариштето во Загреб на Х1 во Поповача, Чапак рече дека станува збор за навистина голем број на заразени лица и дека е очигледно дека „некој таму бил многу заразен“.
„Ние, секако, подготвуваме мерка за задолжително носење маски во затворен простор. Разговараме за други мерки со одредени економски сектори и ќе ги донесеме во договор со нив“, додаде Чапак.