Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска најави олеснување на епидемиолошките мерки од 1 март, доколку, како што рече, состојбата со коронавирусот биде добра и се намали бројката на новоинфицирани.
-Интензивирана е динамиката на имунизација, па до крајот на март ќе имаме над 700.000 дози вакцини. Постоечките вакцини се ефикасни, рече Пленковиќ на прес-конференцијата по седницата на владата.
Пленковиќ додаде дека на седницата на владата дека се разговарало и за набавката на руската вакцина, како и дека биле испратени некои прашања до руската страна и дека сега се чекаат одговорите, јавија хрватските медиуми.