Регион 20. август 2020. / 20:17

Хрватска меѓу десетте земји со најмногу заразени во ЕУ

Хрватска меѓу десетте земји со најмногу заразени во ЕУ

Во последните 14 дена, Хрватска има вкупно 33,4 заразени на 100.000 жители, што ја става меѓу 10-те земји со најголем број заразени во Европа, покажуваат податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Најлоши бројки во споменатиот период има во Шпанија, каде има 132,2 заразени на 100 000 жители, а потоа следат Луксембург и Малта со нешто повеќе од 98 заразени.

Што се однесува до околните земји, Австрија, која ја стави Хрватска на „црвената листа“, има 26,8 заразени лица, соседна Словенија 12,4, Италија 10, а  Унгарија е најдобра. во последните две недели се регистрирани само 4,4 заразени лица на 100 илјади жители, објави хрватскиот портал Нет.