Педесет и петгодишен Хрват е приведен под сомнение дека на 29 август на брод сексуално злоупотребил дете помладо од 15 години, соопшти хрватската полиција.
Според информациите на тамошните медиуми, чинот се случил на излетнички брод кој возел кај Дубровник. Поради годините на детето не се откриваат повеќе детали, освен дека е жител на Велика Британија.