Во последните 24 часа во Хрватска е потврден само еден нов случај на корона вирус.
Од вкупно досега потврдени 2.247 случаи, закрепнале 2.105 лица, а 103 лица починале. На лекување во болница и во домашни услови се уште 39 заболени, од кои тројца пациенти се на респиратор.
Досега се тестирани вкупно 67.997 лица, од кои 183 во последните 24 часа.
Во последните две недели во Хрватска се регистрирани само неколку случаи, а имаше и денови без нови случаи.