Подготовките за пописот во Хрватска траат од 2016 година.
ДСЗ сè уште не знае колку долго ќе се одложи пописот, бидејќи, како што вели координаторот на Државниот завод за статистика, Дамир Плесац, тоа ќе зависи од епидемиолошките мерки и одлуките на Владата и Парламентот кои мора да го сменат Законот за попис.
Тоа што е сигурно, пописот во Хрватска нема да започне како што беше планирано на 1 април.
Плесац во изјава за телевизијата „Н1“ објаснува дека одложувањето е на неопределено време и неговото одржување ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјата и од одлуките на Владата и парламентот кои треба да го сменат законот за попис, пренесува хрватски вјести.
Хрватска за првпат ќе воведе опција за попис по дигитален пат, покрај традиционалниот начин со попишувачи на терен.
И покрај одложувањето, во ДЗС се уверени дека пописот ќе биде завршен до крајот на годината.