Регион 10. мај 2020. / 21:00

Хрватска ги отвори границите

Хрватска ги отвори границите

Границите на Хрватска од денеска се отворени, а според таа одлука, на хрватските граѓани им е дозволено да доаѓаат, односно да заминуваат во странство, почитувајќи ги општите и посебните препораки на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Кризниот штаб појаснува дека граѓаните на земјите-членки на ЕУ и членовите на нивните семејства, како и граѓани на трети земји со долгорочен престој, имаат право да влезат во Хрватска кога имаат деловни причини или економски интереси.

Право на влез во Хрватска имаат и лицата со право на престој врз основа на други директиви на ЕУ или националното право. Меѓу исклучоците на кои им е дозволен влез во земјата се и оние кои патуваат поради неодложни лични причини.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош информира дека засега не се размислува за воведување тестирања на границите.