Регион 01. септември 2018. / 16:09

Хрватите масовно се иселуваат, главна дестинација – Германија

Хрватите масовно се иселуваат, главна дестинација – Германија

Хрватска умира. Се затвораат шест училишта, а во 117 нема да се запише ниту едно прваче. Масовното иселување, посебно од Славонија трае веќе пет години.

 

Но, и понатаму заминуваат со автобуси луѓето кои сакаат да си обезбедат егзистенција.

Новинарите на автобуската станица во Загреб затекнаа тажна слика. Една жена жалеше што нејзиниот 18 годишен син заминува, а друга откако се видела со децата се враќа во Минхен каде работи 8 месеци.

„Имаме роднини во Германија и тие му најдоа работа, па ќе оди да види, и да го одработи пробниот период. Заврши за автомеханичар, а сега ќе работи во автолимарски салон. Заминува затоа што нема работа, еве јас сум со години без работа. Ако се снајде може и ние да се отселиме, сопругот се мисли, но и овде не е сјајно во Хрватска, а ќе биде и полошо“ – вели Ада.

Друга жена која сега е готвачка во Минхен, вели дека додека работела во продавница, таа, сопругот и двете деца едвај преживувале.

„Овде бев на минималец, а имам две средношколки“ – вели таа.

Додава дека понатаму можно е и нејзините деца да се иселат.