Регион 08. јуни 2020. / 21:00

Хоти: Добив честитки и поддршка од нејзината Екселенција Ангела Меркел

Хоти: Добив честитки и поддршка од нејзината Екселенција Ангела Меркел

Новиот косовски премиер Авдулах Хоти, кој беше именуван на таа позиција на 3 јуни, објави дека примил честитки за изборот од германската канцеларка Ангела Меркел, како и од претставник на францускиот претседател Емануел Макрон.

Преку својата страница на Фејсбук, Хоти изрази задоволство поради честитката на Меркел и нејзината готовност за соработка и натамошна поддршка на Косово.

Задоволство ми е да ја споделам честитката која ја примив од нејзината Екселенција, германската канцеларка Ангела Меркел, која исто така изразува готовност за соработка и натамошна поддршка на Република Косово – напиша Хоти.

Во истата објава, Хоти информира и за телефонскиот разговор кој денеска го имал со Емануел Боне, дипломатски советник на францускиот претседател Макрон, кому се заблагодарил за француската поддршка за Косово.

Денеска имав и срдечен разговор со г. Емануел Боне, дипломатски советник на претседателот на Франција Емануел Макрон, кому се заблагодарив за поддршката во минатото и подготвеноста на Франција да го помогне Косово на неговиот пат кон евроатлантските интеграции – напиша Хоти.