Регион 18. февруари 2019. / 15:47

ХОРОР ВО ХРВАТСКА: Жена цели 19 години ги криела деловите од телото на сестра ѝ во ладилник

ХОРОР ВО ХРВАТСКА: Жена цели 19 години ги криела деловите од телото на сестра ѝ во ладилник

Во Хрватска е уапсена 45-годишна жена под сомнение дека извршила убиство, откако во нејзиниот дом, во ладилник, биле пронајдени делови од тело на женско лице.

Телото е пренесено во одделот за патологија во Чаковец, каде ќе се утврдува идентитетот.

Иако се сомнева дека станува збор за телото на Јасмина Доминиќ, чие исчезнување било пријавено во 2005, а не е видена од 2000 година, тоа не може да биде официјално потврдено до конечните наоди на обдукцијата.