Попладне околу 15 часот и 30 минути, во центарот на српскиот град Лесковац, 19 годишна мајка го фрлила од прозорец своето 3 месечно бебе, по што тоа починало.
Бебето паднало од 4 кат, а во станот се наоѓал сопругот со постарата ќерка која има 5 години. Но, со оглед на возраста на мајката, нема информации дали постарото дете од друг брак на мажот.
Српските медиуми пишуваат дека младата мајка имала психички проблеми, а постои мала веројатност ненамерно да го испуштила бебето од раце.
По падот бебето починало , пренесе РТС.