Зошто Приштина би имала доверба во Европската Унија кога се работи за дијалогот со Белград, ако постои несогласување помеѓу земјите членки на ЕУ во врска со визната либерализација, смета потпретседателот на косовската влада, Енвер Хоџај.
Тој на својот фејсбук-профил напиша дека Приштина ги исполнила сите услови што биле побарани од неа за добивање на визната либерализација.
-Ако ЕУ и земјите членки не можат да ги исполнат нивните ветувања, зошто би требало да веруваме дека можат да ѝ го диктираат на Србија признавањето на Косово- напиша Хоџај.