Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај смета дека нема потреба од понатамошно присуство на мисијата на УНМИК во Косово, бидејќи, како што изјави, Косово е стабилно.
„Миротворците се потребни во зоните на судири, но постоењето на Унмик на Косово сега е непотребно, затоа што во земјата постои одржлива стабилност. Мисијата на Унмик би требало да заврши и нејзиниот буџет да се распредели на друго место“, објави Хоџај на Твитер.
Ова не е прва изјава на Хоџај дека мисијата на УНМИК треба да прекине.
Инаку оваа Мисија на ОН, по војната на Косово во 1999 година, обезбеди закрепнување на институциите се до нивна стабилност.