Ова го изјави во Брисел, каде требаше да се одржи новата рунда преговори меѓу него и Вучиќ, со посредство на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
Сепак, до тоа не дојде, затоа што Вуќиќ донесе одлука да ја прекине комуникацијата со приштинските функционери и се врати во Белград.
„Се случувало и порано да немаме трилатерален состанок и да преговараме преку европските функционери. Важно е да продолжиме по тој пат, по патот на мирот кон решавање на проблемот“, изјави Тачи.
Потоа ја прокоментира и најавената посета на претседателот на Србија во Косово, која за сега е неизвесна.
„Што се однесува до неговата посета на Косово, тој е добродојден, каква и програма за посета да предложи. Нема ништо спорно во тоа претседателот на Србија да ги посети Србите на Косово, како што сум и јас добродојден во Прешевксата долина, Бујановац и Медвеџа“.