Регион 28. ноември 2019. / 22:30

Хашим Тачи не открива дали ќе му даде мандат на Албин Курти да формира влада

Хашим Тачи не открива дали ќе му даде мандат на Албин Курти да формира влада

Косовскиот претседател Хашим Тачи не одговори на новинарско прашање дали ќе му даде мандат за составување нова влада на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти.

Тачи беше во Преказ кад штое, по повод Денот на независноста на Албанија, положи цвеќе на спомен обележје на командант на ОВК, Адем Јашари.

На новинарско прашање дали ќе му даде мандат за состав на влада на Курти, Тачи кусо одговорил: „Благодарам“, „Честитам“, пренесе Газета Експрес.

Косовската Централна изборна комисија вчера ги потврди официјалните резултати од вонредните парламентарни избори во Косово одржани на 6 октомври.

Според тие резултати, најмногу гласови освои Движењето Самоопределување, по него е Демократскиот сојуз на Косово, а цензусот го помина и коалицијата на Фатмир Љимај и Беџети Пацоли.