Регион 29. февруари 2020. / 11:57

Хашим Тачи ги осуди Русија и Сирија за нападите врз турските сили во Идлиб

Хашим Тачи ги осуди Русија и Сирија за нападите врз турските сили во Идлиб

Претседателот на Косово Хашим Тачи ги осуди нападите на сириските и руските сили врз турските единици во Идлиб, во Сирија, во кој загинаа 33 војници.

Тачи на Твитер синоќа ги повика Сирија и Русија да овозможат пристап на хуманитарната помош во кризниот регион.

Косово се поставува на страната на своите сојузници во НАТО во осудата на воздушните напади врз турските војници близу Идлиб, од страна на сирискиот режим и од Русија. Ги повикуваме Сирија и Русија да овозможат пристап на хуманитарната помош во областа – напиша Тачи.