Косовскиот премиер Рамуш Хајрединај отворено се заканил со нова војна, после идеата за размена на територии со Србија изнесена од Љатиф Хазири.
Тој во интервјуто за ТВ Дукаѓини рекол дека секоја промена на границите значи војна, чии последици неможе однапред да се предвидат.
„Тоа би била нова трагедија на балканот, и дополнително комплицирање на веќе комплицираната ситуација. Тоа би била нова војна чии последици не би биле предвидливи однапред. Нема поделба, нема размена на територии“ рече Хајрединај.