Регион 05. февруари 2019. / 15:08

Харадинај удри по ЕУ поради Трепча

Харадинај удри по ЕУ поради Трепча

Харадинај рекол дека одговорот на ЕУ против усвојување на новиот Статут на Трепча од страна на Собранието на Косово е доказ дека ЕУ го промашила патот – за неколку километри.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај кажал дека изјавата на потпаролката на ЕК Маја Кочијанчиќ за статусот на Трепча – е непримерна.

Неговата реакција следела после изјавата на Кочијанчиќ за српски медиуми дека статусот на Трепча треба да биде дел од дијалогот Белград-Приштина.

Харадинај нагласил дека ваквата реакција на европските претставници ја потпопуваат независноста и суверенитетот на Косово.

За потсетување, косовскиот Парламент усвоил нов Нацрт Статут за Трепча, кој подразбира дека овој комбинат станува акционерски друштво.

Статутот на Трепча се утврдуваат оснивачите на тоа акционерско друштво и организациската структура. По закон косовската влада е мнозински сопственик на Трепча со 80 отсто, а 20 отсто ќе биде сопственици работниците и други акционери.