Регион 24. септември 2019. / 16:13

Харадинај: Таблата „Република Србија“ е отстранета

Харадинај: Таблата „Република Србија“ е отстранета

Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај напиша на Фејсбук дека таблата во Зубин поток со натпис „Република Србија, Косово и Метохија“ е отстранета.

Тој напиша дека таблата ја отстраниле синоќа косовските органи за спроведување на законот, пренесува Газета експрес.

-Таблата во Зубин поток, која вчера беше објавена во медиумите, ја отстранија вчера органите за спроведување на законите на Република Косово“ж, напиша Харадинај.

Вчера беше пријавено постоењето на таблата на влезот во Зубин поток.

На таблата пишуваше „Добредојдовте во општина Зубин поток, Република Србија, Косово и Метохија“.

Газета експрес пишува дека ова не е првпат „општините со мнозинско српско население со поставување табли да не ја почитуваат Република Косово“.