Регион 21. јули 2020. / 13:34

Харадинај: Со купување оружје од Кина и Русија, Србија го загрозува мирот во Западен Балкан

Харадинај: Со купување оружје од Кина и Русија, Србија го загрозува мирот во Западен Балкан

Министерката за надворешни работи на Косово, Мелиза Харадинај изрази загриженост поради информацијата дека Србија се снабдува со дронови и ракети од Кина.

Харадинај преку објава на својот официјален профил на Твитер напиша дека постојаното вооружување на Србија со кинеско и руско оружје претставува „директна закана за мирот и стабилноста“ на Западен Балкан.

Косово ја изразува својата загриженост поради тоа што Србија купува од Кина дронови и ракети. По постојаните договори за купување оружје од Русија, последните набавки претставуваат директна закана за мирот и стабилноста на земјите од Западен Балкан, регионот кој е решителен на својот евроатлантски пат – напиша Харадинај.