Регион 29. јануари 2019. / 11:06

Харадинај: Се скаравме со Тачи и една недела не сме се состанале

Харадинај: Се скаравме со Тачи и една недела не сме се состанале

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека со косовскиот претседател, Хашим Тачи пред една недела имале остра расправија и оттогаш не се состанале.

-Имавме расправија во домот на министерот за надворешни работи, Беџет Пацоли, и од тој ден се немам сретнато со Тачи-изјави Харадинај за порталот „сири.нет“.

Тој додаде дека нивната расправија била поврзана со прашањата за Коосво.

„Не можам да кажам повеќе за тоа што се случи за време на средбата“, рече Харадинај.