Регион 10. мај 2019. / 12:36

Харадинај побарал исклучување на Могерини од дијалогот Белград-Приштина

Харадинај побарал исклучување на Могерини од дијалогот Белград-Приштина

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека побарал од високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини да биде исклучена од дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, неведоа приштинските медиуми.

-Побарав самиот да се разјаснат работите и улогата на учесниците во процесот- рече Харадинај.

Тој изјави дека некои се обидуваат да го прикажат како личност која ги загрозува добрите односи помеѓу Приштина и Вашингтон.

-Ќе имаме состанок во Париз со претставници од Србија, а потоа уште еден во Вашингтон, така што Вашингтон ќе биде можеби директно вклучен. Тоа е дел од процесот чијашто цел е Србија да го признае Косово во постоечките граници, почитување на човековите права, унапредувањето на економските односи и евроатлантската интеграција-изјави Харадинај.