Регион 15. декември 2018. / 20:57

Харадинај: Новата армија ќе ги штити Србите на Косово

Харадинај: Новата армија ќе ги штити Србите на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по усвојувањето на законите за воспоставување косовски воени сили, изјави дека новата косовска формација ќе биде армија на мирот и службата за сите што живеат во Косово, без оглед на нивната етничка припадност.

– Ова е армија на мирот, бидејќи таа носи мир, тоа е армијата на косовските Албанци, Србите, Турците, Бошњаците, Ромите и Египќаните на сите кои живеат во Косово. – рекол Харадинај.

Запрашан за коментар на информацијата дека српскиот претседател Александар Вучиќ во наредните три дена ќе престојува во близина на граничната зона меѓу Србија и Косово, Харадинај изјавил дека во тоа не гледа некаква провокација и посочи дека “Армијата на Србија стекна партнер во лицето на Косовската армија “. Тој изрази уверување дека двете армии во блиска иднина ќе служат заедно во армијата на Балканот, забележуваат медиумите од регионот повикувајќи се на изјава на американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис дека „нема подобар пријател од маринците, но нема и полош непријател од нив”, косовскиот премиер рече дека истото важи и за трансформирање на безбедносните сили во Косово.

– Јас навистина мислам дека нема подобар пријател на мирот од косовската армија, но и непријатели на мирот мислам дека немаат лош непријател од косовската армија. – коментира Харадинај. Тој исто така истакна дека оваа „армија никогаш нема да биде користена против Србите во Косово бидејќи не е армија за таква цел”.

– Дојдовме до мир и секогаш ќе бидеме во мир, а не војска чија цел е да го свртиме својот народ против Србите на Косово. И на југ и на север, народот на Косово е слободен, тие се во своите домови, тие се дел од Косово, а косовската армија никогаш нема да се користи против нив. – заклучил Харадинај.