Регион 18. март 2019. / 12:30

Харадинај: Нема да дадеме ни педа земја од Косово

Харадинај: Нема да дадеме ни педа земја од Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај продолжува да се спротивставува на секаков договор што би влијаел на менување на границите на Косово.

Тој истакна дека би требало да се заштити сегашната територијална целовитост, пренесуваат косовските медиуми.

-Ние на Косово сме на вистинската страна, но сме во момент кога треба да водиме сметка за нашата земја. Познато е дека Албанците со векови ја давале земјата што им ја дал Бог. Кога велам земјата на Албанците, мислам на сите етнички заедници што живеат во своите домови. Сепак нема враќање и практиката на одземање од Албанците веќе ја нема-кажа Харадинај.

Според него, сето тоа го сменила „генерацијата на УЧК“, а, како што кажа, „се смени и текот на историјата“.

Харадинај додаде дека Косово од 17 февруари 2008 година е производ на компромиси и кој и да се обиде да го смени тоа ќе ги активира правата на Албанците.

-Се сложивме да го исполниме своето право, Косово од 17 февруари, убедени дека уште еднаш докажуваме дека сакаме мир и стабилност на Балканот- кажа Харадинај.