Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави за време на состанокот на владата во вторникот дека станало многу тешко за Приштина да и верува на Европската унија, пишуваат косовските медиуми.
-Денес доаѓам од три различни места, каде беа извршени масакри, меѓу најтрагичните што ги доживеаја луѓето од Косово. Стотици луѓе беа убиени, а сепак стигнавме до преговарачка маса. Сега имаме ситуација каде што му кажуваат на Косово дека мора да исполни одредени услови за да стигне до масата. Ова е многу изненадувачки. Ве повикувам да се вратите на преговарачката маса и да ги решиме отворените прашања преку взаемно признавање со сегашните граници и со слободна трговија … Како можеме да се довериме на Европејците, кои ни рекоа прво за дијалог, потоа за царините, а никој не знае што ќе ни кажат последователно. Стана тешко да им се верува. Могерини и другите ни рекоа, направете го ова и ќе добиете визна либерализација-рече тој.