Регион 06. March 2019. / 10:25

Харадинај ја повика Брнабиќ на Косово

Харадинај ја повика Брнабиќ на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека во Приштина во април ќе се одржи средба на премиерите на земјите од Западен Балкан, каде што ќе биде присутна и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, според „Коха“.

На вчерашната седница на владата, тој побара од членовите на кабинетот да ја одобрат иницијативата за собирање на сите, како што вели, регионални лидери, како и европскиот комесар за преговори за проширување и соседство, Јоханес Хан.

Сакам да ги доведам тука и да разговарам за прашања кои се важни за имплементација на Договорот за стабилизација и асоцијација, но и за понатамошната интеграција на Косово во Западен Балкан, рече Харадинај.