Регион 01. ноември 2019. / 12:48

Харадинај: И Вљора Читаку беше за поделба на Косово

Харадинај: И Вљора Читаку беше за поделба на Косово

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај пред новинарите кај споменикот на Захир Пајазити изјави дека амбасадорката на Косово во САД, Вљора Читаку е една од повеќето луѓе кои работеле на поделба на Косово и затоа работела заедно со Хашим Тачи и со албанскиот премиер Еди Рама, пренесе телевизијата Кљан Косова.

Тој додаде дека „оваа грешка не ги спречила и понатаму да бидат на тиа функции“.

Има многу функционери на Косово кои беа за поделба на територии и направија голема грешка … Вљора, претседателот Тачи, албанскиот премиер Рама и други – рече Харадинај.