Регион 31. декември 2018. / 09:34

Харадинај: Границата на Косово кон Албанија повеќе не постои

Харадинај: Границата на Косово кон Албанија повеќе не постои
Косовската граница со Албанија повеќе не постои, рече косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Ми беше чест да учествувам во потпишувањето на договорот за воспоставување заеднички гранични точки меѓу Косово и Албанија, по принципот на ИБМ и нашиот заеднички европски пат, напиша Харадинај на својот профил на Фејсбук.
Според него, косовската граница кон Албанија повеќе не постои.
Ќе имаме само една заедничка станица. Работата ќе продолжи и во март влегуваме во втората фаза на целосна елиминација на границата меѓу Косово и Албанија, врз основа на принципите на Шенген, пишува Харадинај, пренесе Зери.
Тој рече дека во интерес на Косово и Албанија е „да се зачува и да се унапреди билатералната соработка меѓу двете земји“