Регион 04. февруари 2020. / 10:51

Харадинај го поздрави изборот на новата влада на Косово

Харадинај го поздрави изборот на новата влада на Косово

Досегашниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, порача дека изборот на новата Влада, што ќе ја води Албин Курти, е добра вест за сите косовски граѓани.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај, кој се наоѓа во официјална посета на САД, оцени дека Косово влегло во нова фаза со формирањето на институциите, по речиси четири месеци од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври минатата година.

Тој воедно изрази верба дека новата влада успешно ќе се соочи со темите што се значајни за граѓаните на Косово.

Посакувам оваа политичка констелација да успее да ги води напред процесите кои се значајни за земјата. Во овие денови јас престојувам во официјална посета на САД, според агенда утврдена многу порано и затоа примопредавањето на мандатот формално ќе се изврши од првиот вицепремиер г. Беџет Пацоли, за што веќе ја авторизирав процедурата. Уште еднаш изразувам верба дека новата Влада успешно ќе се соочи со темите кои се значајни за нашите граѓани – напиша Харадинај