Час и половина по почетокот на состанокот со делегацијата на американскиот Национален совет за безбедност, премиерот на Косово Рамуш Харадинај го напуштил кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи, без да наведи за што се разговарало на состанокот.
Харадинај на заминување кратко одговорил дека утре ќе даде одговор.
Состанокот завршил неколку минути откако излегол Харадинај, а приштинска ГазетаЕкспрес тврди дека тој не сакал да ги укине наметнатите такси за Србија и БиХ.