Регион 20. јули 2018. / 12:26

Харадинај: Ако се спомне поделба на Косово ќе има трагедија на Балканот

Харадинај: Ако се спомне поделба на Косово ќе има трагедија на Балканот

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај се противи на било каква идеја за размена на територии со Србија или поделба на Косово и порачува дека за него „поделбата значи војна“, пренесоа косовските медиуми.

Харадинај, оваа изјава ја дал како реакција на американскиот амбасадор Грег Делавиј, кој синоќа на КТВ изјавил дека не е исклучена можноста, Косово да се подели.

„Раздвојувањето е борба за мене, опасно е да се зборува за тоа“, изјавил Харадинај.

Според него, „секој кој ќе спомне поделба на Косово ќе предизвика трагедија на Балканот“.