Регион 24. јануари 2019. / 11:31

Хаос во БиХ: Мигранти се степале во продавница

Хаос во БиХ: Мигранти се степале во продавница

Во Бихаќ синоќа во една продавница дојде до меѓусебна тепачка помеѓу двајца мигранти, по што еден од нив беше повреден, пренесуваат босанските медиуми.

По интервенција на полицијата и екипите на Брза помош, повреденото лице е пренесено во болница.

Според медиумите, едниот мигрант со остар предмет го повредил другиот во ногата.

Во тек е утврдување на деталите за овој настан.