На економскиот форум во Давос еврокомесарот за прошување и соседска политика , Јоханес Хан се сретна со претсеедателите на Косово , Хашим Тачи и на Србија , Александар Вучиќ.
Разговаравме за европската перспектива на Косово и напредокот во дијалогот со Србија. Во геополитички и економски интерес на ЕУ е приближувањето на целиот регион на Југоисточна Европа, напиша Хан на Твитер и објави фотографија од средбата со косовскиот претседател.
Малку пред тоа Хан објави порака и фотографија на Твитер и од средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ , кој исто така е во Давос на економскиот форум.
Разговаравме за идните чекори на Србија на патот кон ЕУ и за начините како да се придвижи дијалогот на Србија со Косово. По успешната 2018 за регионот на Западен Балкан , 2019 ќе биде година на одлуки , напиша еврокомесарот Хан.