Регион 17. мај 2018. / 11:15

Хан оптимист за постигнување решение од дијалогот Белград-Приштина

Хан оптимист за постигнување решение од дијалогот Белград-Приштина

Европскиот комесар за преговори за проширување на ЕУ, Јоахнес Хан денеска во Софија изјави дека е оптимист кога станува збор за поттикнување решение од дијалогот Белград- Приштина.

– Јас сум секогаш оптимист. Новата стратегија јасно нагласува дека постои песпектива за се. Тоа значи дека и во интерес на Косово е да работи на решение за правно обрзувачки договор, изјави Хан на доаѓањето на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Софија.

Европскоит комесар нагласи дека има нов поттик и моментум за двете страни да дојдат до договор што е можно побрзо.