Регион 23. ноември 2018. / 20:14

Хан на Твитер: Ситуацијата околу Косово мора под итно да се смири

Хан на Твитер: Ситуацијата околу Косово мора под итно да се смири

Комесарот на ЕУ за проширување Јоханес Хан денеска на својот „Твитер“ профил напиша дека разговарал со српскиот претседател, Александар Вучиќ, за ситуацијата на Косово по последните потези на Приштина, како и со претставниците на косовските институции, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.

-Се согласивме дека е неопходно итно да се смири ситуацијата, за да не дојде до деескалација во интерес на целиот регион. Јас понудив помош во работата на брзи, практични решенија за различни трговски прашања во рамки на ЦЕФТА- напиша Хан.