Непознати хакери ја нападнаа веб-страницата на Радиотелевизија Косово (РТК), поради што таа веќе неколку часа е вон употреба, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата ја објави генералниот директор на јавниот косовски радиотелевизиски сервис Ментор Шаља, кој преку својот профил на Фејсбук информира дека нападот се случил во текот на минатата ноќ.
– Ги информирам следачите на веб-страницата на РТК дека пред малку бевме хакирани. Бараме извинување од нашите следачи што не се во можност да пристапат до нашата страница додека не ја средиме. П.С. Овие хакери се непознати, напиша Шаља, кој објави и слика од хакираната интернет-страница.