Британската агенција за организиран криминал (НЦА) отвори истрага за криумчарење мигранти.
Група од 69 албански државјани, осомничени дека се обиделе илегално да влезат на британска територија, се уапсени денес крај брегот на Англија, соопшти локалната полиција, додавајќи дека исто така се уапсени и тројца членови на екипажот на рибарскиот брод што превезувал патниците.
Бродот испловил од белгискиот брег кон Англија.
Албански државјани се уапсени за кршење на британскиот закон за имиграција.
Од почетокот на годината, 6.200 мигранти се обидоа да го преминат Ла Манш до англискиот брег, пренесува Ројтерс.