Државјанин на Грција почина синоќа откако му се слошило на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Србија, пренесоа белградските медиуми.
Според соопштението на организаторите на фестивалот, обезбедувањето забележало дека на еден посетител му се слошило на Горниот град на Петроварадинската тврдина, по што му е пружена медицинска помош.
Организаторите наведоа дека се сомневаат оти смртта настапила поради употреба на наркотици.
– Други посетители, исто така од Грција кои биле околу него, во изјавите дадени во полицијата во Нови Саф навеле дека тој конзумирал поголема количина наркотици во текот на денот, како и дека боледувал од хронична болест – се наведува во соопштението.
Истовремено, тие упатија сочувство до семејството на починатиот и наведоа дека фестивалот „Егзит“ се залага против употребата на наркотици.