Грчкиот совет за одбрана испрати специјално обучени членови на вооружените сили и на Националната гарда во помош на патролите за цивилна заштита за спречување на пожарите, пишува грчкиот портал Катимерини.
Министерот за одбрана Панос Каменос свика седница на Советот, откако ја надлета и од воздух ја виде состојбата во областа зафатена од пожарите. Советот одлучил грчките и сојузните дронови и летала да и помогнат на цивилната одбрана во собирање на податоци за состојбата од различни делови на земјата кои што се под ризик од пожари или од намерно подметнување на огнови. Мерките се воведуваат по сшекулациите дека пожарите во источна Атика, како и неколку пожари во регионот на Коринг се подметнати.