Најмалку шест лица се удавиле, а десетици се водат како исчезнати при потонување на чамец со илегални мигранти во Егејското Море во близина на грчкиот остров Лезбос, јави турската телевизија ТРТ.
Според првични информации, досега се спасени 58 лица.ТРТ, повикувајќи се на грчката новинска агенција „АМНА“, јави дека во чамецот имало околу 80 лица.
Во тек е акција за пребарување и спасување со бродови и хеликоптери на екипите на Грчката крајбрежна стража и Европската агенција за погранична и крајбрежна безбедност (Фронтекс).