Регион 25. јули 2018. / 10:27

Грчкиот Владика Амвросие: Пожарот е казна поради неверникот Ципрас

Грчкиот Владика Амвросие: Пожарот е казна поради неверникот Ципрас

Грчкиот митрополит Амвросие на својот блог за катастрофалниот пожар на Атика во кои загинаа 74 лица го обвини премиерот Ципрас и неговиот атеизам.

Имено, грчкиот премиер Алексис Ципрас не е верник, што митрополитот Амвросие одлучил да го искористи и да напише дека пожарот на Атика е божја казна за премиерот неверник.

-Атеистичниот премиер Алексис Ципрас го предизвика Божји бес. Грција е уништена од пожари и поплави, напиша на својот блог на социјалните мрежи митрополитот Амвросие.