Портпаролот на грчката влада, Димитрис Цанакопулос е убеден дека договорот за името со Македонија ќе биде изгласан од пратениците во грчкиот парламент, пишува „Катимерини“.
Цанакопулос изјави има сигурно мнозинство на народното собрание кое ќе ја обезбеди ратификацијата на договорот.
Изјавата на портпаролот следи откако вчера претседателот на помалиот коалициски партнер „Независни Грци“, Панос Каменос, рече дека неговата партија нема да го поддржи договорот со Скопје и најави можност за предвремени избори.