Регион 18. октомври 2019. / 16:45

Градоначалникот на Вуковар го фрлил на земја предлог-статутот на градот затоа што бил на кирилица

Градоначалникот на Вуковар го фрлил на земја предлог-статутот на градот затоа што бил на кирилица

Градоначалникот на Вуковар, Игор Пенава, направи инцидент на седница на Градскиот совет кога го фрли на земја предлог-статутот на градот, затоа што бил напаишан на кирилица. Притоа, Пенава изјави дека се уште не се создадени услови за поголеми права на српското малцинство.

Предлог-статутот му го дал советникот од СДШ, Срџан Колар, а насловот на документот бил испишан со кирилично писмо, додека во поднасловот на латиница било напишано „За подобро да се разбереме“, што е и слоганот на кампањата на Српскиот Народен Совет, која има за цел да ја тргне стигмата од кирилицата, пренесува загребската телевизија „Н1“

Пенава истакнал дека тоа го смета за акт на агресија, порачувајќи му на Колар дека е многу навреден од неговата постапка и дека со тој чин го погазил целиот напор и трудот вложен во процесот за мирна реинтеграција.

– Вие се водите според четничките шубари и споменици што го опкружуваат овој град. Ве интересира она што не успеавте во 1991 година, да ја воведете кирилицата во овој град. Силуваните жени не ве интересираат. Мртвите деца не ве интересираат. Ако треба, против великосрпската агресија ќе се борам вчера, денеска, утре, со сите средства – изјави Пенава.

На тоа, како што наведуваат од телевизијата, Колар го обвинил Пенава дека не може да прифати една третина од населението на Вуковар, а заменик-градоначалникот на Вуковар, Срѓан Милаковиќ, оценил дека седницата на Градскиот совет била организирана како судење на српската заедница и на припадниците на српското национално малцинство во Вујовар, но и во цела Хрвтаска.