Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиaј, на социјалните мрежи објави дека е позитивен на корона вирус.
Велиај посочи дека е во добра здравствена состојба и дека ќе продолжи да работи со истата посветеност од дома.
Пријатели, тестот што го направив, денеска бев известен дека го потврдил присуството на вирусот. Јас сум во добра здравствена состојба, како и моето семејство. Но, од денеска ќе продолжам да работам со истата посветеност за Тирана од дома. Никој од нас не е имун на овој вирус, затоа Ве молам, не заборавајте да ги миете рацете што е можно почесто и да носите маска за да се заштитите себе си и вашето семејство колку што е можно. Ви посакувам се најдобро за вашите семејства. Здравје и љубов на сите и длабока благодарност до лекарите херои. Ќе се видиме повторно – напиша Велиај.
Прв брзо закрепнување на Велиај му посака претседателот Илир Мета, кој побара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со пандемијата.
Загрижувачкото темпо на зголемување на случаите на погодени граѓани, за жал, и на бројот на жртви, бара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со сериозните последици од оваа опасна пандемија – напиша Мета на својот фејсбук профил.