Регион

Град во Хрватска се разбудил преплавен во кал, граѓаните запрепастени – вакво нешто немало (ФОТО)

Град во Хрватска се разбудил преплавен во кал, граѓаните запрепастени – вакво нешто немало (ФОТО)

Во изминатите 24 часа на задарското подрачје врнело валкан, каллив дожд кој најмногу траги оставил на возилата, балконите и контејнерите.

Поради циколонот на Средоземјието се повлекува влага, а ветровите носат песок од Сахара, велат од Државниот хидрометеоролошки завод во Хрватска.

Валканиот дожд всушност донел вистински кал.

Ваков дожд се очекува да врне и денеска, па Хрватите ќе мора да причекаат со чистење на автомобилите.

Задарскиот метеоролог, Душко Краљев рекол дека ова не е првпат облаците да донесат песок од Африка.

-Станува збор, како што вели тој, за циклон кој во својот вртлог повлекол прашина од Сахара, ја кренал во воздух, а потоа ја истресол во Хрватска. Така се добило дожд полн со африканска земја, всушност тоа е повеќе песок, но во комбинација со дожд се добива кал – рекол Краљев.