Регион 18. октомври 2019. / 11:22

Грабар-Китаровиќ: Изборната кампања не е почната, нема потреба од „соочување со обични граѓани“

Грабар-Китаровиќ: Изборната кампања не е почната, нема потреба од „соочување со обични граѓани“

Кабинетот на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ објави дека официјалната претседателска кампања не е почната, поради што нема причина таа да се соочува со обични граѓани.

Соопштението е реакција на барањето на претседателските кандидати Зоран Милановиќ и Мирослав Шкоро јавно да се соочат со Грабар-Китаровиќ.

– Ниту Милановиќ, ниту Шкоро сè уште немаат собрано 10.000 потписи, така што не се ни официјални кандидати, ниту пак е почната кампањата. Кога ќе се распишат изборите – може, барем претседателката никогаш не бегала од луѓе и комуникација пред публика. Но, за сега, Зоран Милановиќ за нас е обичен граѓанин, па зошто претседателката на Републиката би се соочила со граѓанинот Милановиќ. Нема причина за тоа“, се наведува во соопштението од Кабинетот на хрватската претседателка.